За Технометал - Вардар

ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР   АД   СКОПЈЕ   е   Акционерско   друштво   за   надворешен   и внатрешен промет кое опстојува повеќе од 60 години и како  компанија  е водечка трговска фирма  во Република Македонија со широк спектар на трговски активности: Трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, машини, електрични и металотехничка стоки, вино, прехранбени стоки и др.

ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР АД СКОПЈЕ е Акционерско друштво  во приватна сопственост и од 2003 година котира на официјалниот пазар на македонската Берза за долгорочни хартии од вредност АД Скопје.

Во сопственост  на ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР АД СКОПЈЕ е деловен простор  од над 8000 м2  во  центарот  на  Скопје  кој  е  организиран  како  Деловен  центар  за  издавање  на простор под закуп и се наоѓа на ул.Ѓуро Стругар бр.5, потоа затворен магацински и складишен   простор   со над 4500 м2, отворен складишен простор од 140.000 м2, малопродажен простор над 500 м2 и угостителски објкет хотел Панорама во Крушево

ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР АД СКОПЈЕ  има сопствено земјиште  од 140.000 м2 лоцирано во Индустриската зона во населбата Маџари, на кое се наоѓаат Дисконтниот центар и Пазарот на големо, а се планира развој на тоа земјиште со изградба на трговски и логистички центар.

Политика за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа

ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР АД СКОПЈЕ ги поседува сертификатите за стандардите ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004

Управување и раководење со друштвото

УПРАВЕН ОДБОР:

Претседател  Кочо Моцан, дипл.ек.

Тел.(00389 2) 3165007     Тлф. (00389 2) 3166476
e-mail: tehvar01@tehnometal-vardar.com.mk

Членови на Управниот одбор:

1. Ѓорѓи Дервенџи
2. Стефан Киреј
3. Снежана Шандулоска

 

НАДЗОРЕН ОДБОР

Јован Јоанидис, претседател
Никола Кацарски, надворешен член
Александар Радевски, надворешен член


Генерален директор

Кочо Моцан дипл.ек.

Тел.(00389) 2 3165007  Тлф. 00389 2 3166476
e-mail:  tehvar01@tehnometal-vardar.com.mk