Услуги и дејности

ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР АД има широк спектар на дејности:
Соодветниот стручен потенцијал, неколкуте фирми во странство, шрпдажните капацитети во земјата, долгогодишната традиција во надворешно-трговското работење, овозможуваат и се потенцијал за ефикасен и организиран настап и работење во дејностите:
-    извоз-увоз и реекспорт
-    домашна трговија на големо
-    застапување и посредување
-    складирање
-    пазар на големо со земјоделски производи
-     дисконтен центар за продажба на прехранбени и други производи
-    угостителство и туризам

Увоз-извоз и трговија на големо

Основни гран ки и производи со кои се работи
-    Металургија:    челични    и    железни    производи,    обоени    метали    и феролегури
-    Опрема,  машини  и  возила:  опрема  и  резервни  делови  за  црна  и
обоена   металургија.   неметална   индустрија,   градежна   и   процесна опрема,  земјоделска  механизација,  автобуси,  товарни возила, железнички транспорт
-    Хемија  и    нематали:  Пластични  маси,  органска  хемија,  агрохемија,
мермери  и  гранити,  минерали  и  магнезити,  огноотпорни  материјали, дрво и градежни материјали
-    Електро-металотехнички   стоки:    електро    мотори,    високонапонски
постројки, каблови, проводници, бела техника и мали апарати, порцелан, кристал и метална галантерија
-    Прехранбени стоки: прехранбени производи, зеленчук, овошје, вино и
други пијалоци.

 

Застапување на домашни и странски фирми

 

 

Пазар на големо - Скопје

Пазарот на големо со земјоделски производи (Кванташки пазар) на ТЕХНОМЕТАЛ- ВАРДАР АД, е централен  пазар во Македонија за овошје и зеленчук од домашно производство, како и  од увозно потекло претежно јужно овошје. Пазарот се наоѓа во населбата Маџари на ул.Перо Наков бб ,и се  простира на површина од 120.000 м2

Дисконтен центар - Скопје

Дисконтниот центар на ТЕХНОМЕТАЛ-ВАРДАР е најголем дисконтен центар за прехранбени и другхи производи во Република Македонија . Се наоѓа во населбата Маџари на ул.Перо наков бб во кругот на Кванташкиот пазар. Располага со 75 продажни и прирачни магацини во вкупна повцршина од 10.000 м2.