ОГЛАС
за продажба на недвижност
објект Деловна зграда на ул.Ѓуро Стругар бр.5 Скопје

Објектот-Деловна зграда се наоѓа на ул.Ѓуро Стругар бр.5 во во строгиот центар на Скопје на самата пешачка зона, во непосредна близина со централниот градски плоштад, на музејот Мајка Тереза, на сите административни и државни институции и министерства, и сред целиот банкарски простор. Деловната зграда е изградена во 1980 година и е архитектонски и концептуално зграда за различни намени. Денес е таа зграда за деловен канцелариски простор, но тој простор лесно може да се пренамени во банка, универзитет, хотел и сл.

Вкупната површина на зградата според имотен лист изнесува 8.361 м2.

Зградата е организирана на пет спратови, плус мезанин, приземје и подрум. Во подрумот е на располагање гаража за околу 90 возила.

Во склоп со зградата е земјиште во вкупна површина од 2458 м2 од кое под зградата 1243 м2 и дворното земјиште околу зградата од 1215 м2, според имотни листови.

Според деталниот урбанистички план на дворното земјиште над подземната гаража дозволена е можност за надградување со уште 2 нивоа катна гаража.

Зградата има централно греење и ладење, комплетна компјутерска и телефонска и интернет инсталација.

Зградата има можности и за физичко делење на 2 независни дела, зависно од потребите на заинтересираните купувачи.

Повеќе информации заинтересираните можат да добијат преку контакт на слeдната e-mail адреса tehvar01@tehnometal-vardar.com.mk.