ПРОДАЖБА НА ЗЕМЈИШТЕ-ЛОКАЦИЈА

Се нуди  на продажба градежно неизградено земјиште во вкупна површина од 140.000 м2. Земјиштето се наоѓа  во населбата Маџари, на  ул.Перо Наков бб,  во источниот дел на градот Скопје, Република Македонија.

Местоположбата на земјиштето е во трговската  и индустриска зона на Скопје, во непосредна близина на автопат кој води во самиот влез  на Скопје од правците југ и север, односно од правците на Атина и Белград и од поголемиот број населени места од  Македонија.

Земјиштето  односно локацијата ја има целокупната инфраструктура, односно е поврзана со патишта, има сопствен  индустриски железнички колосек, електрична енергија, водовод и канализација.

Земјиштето се продава како една парцела или може да се подели на  посебни парцели.